
Ангеловски не се плаши за работата во Горица: Не сум човек кој се откажува!
Откако дојде Ангеловски, Горица имаше два несреќни порази со минималци, во минатото коло првпат освои бод, но Горица вчера разочарувачки одигра, па медиумите во Хрватска после само пет меча го прашаа екс-селекторот дали се плаши за својата работа.
Засега нема најави дека се тресе столчето, но Ангеловски во Горица ќе мора да го крене тимот за да си ја задржи работата.
„Некако бевме под поголем притисок и не одигравме како на минатиот меч. Немавме многу шанси, а Риека своите ги искористи. Мора да анализираме што е добро, што не е . Сѐ уште не е ни пола првенство, така да мора да најдеме излез. Ова беше едно од најслабите изданија на Горица, тој психолошки притисок се почувствува врз фудбалерите, не дадовме гол(овИ) од тоа што го искреиравме... Сѐ ова е составен дел од нашата работа. Дали се плашам за работата? Јас не сум човек кој се предава и сега кога е најтешко мора да ги собереме главите“, рече Ангеловски.