Во Шпанија е досуден најпогрешниот пенал во историјата! (ВИДЕО)

Судиски грешки се прават, но ова што се случи во младинска лига на Шпанија се објаснува само на два начина: аматеризам или кражба.

На мечот меѓу Естраденсе и Депортиво Ла Kоруња, резултатот бил 2-0 за домаќините, кога Депортиво имал акција. Двајца фудбалери комбинирајќи влегле во шеснаесетникот, арно ама се сопнале еден од друг.

Судијата на натпреварот без да се двоуми покажа на белата точка. На сите на стадионот им беше јасно дека пенал нема, но попусто. Мечот завршил 2-2.