Војдан Стојановски одигра одлично за Гравелин и му „пресуди“ на По Ортез

Македонскиот кошаркар Војдан Стојановски одигра одличен меч против поранешниот клуб По Ортез и му помогна на Гравелин да слави со 64-59.

Стојановски постигна 11 поени во победата, иако не му одеше најдобро шутот за тројка, па погоди само еден од пет шута, но во секој случај му помогна на неговиот тим да запише важен триумф.

Гравелин не може да се пофали со многу добри резултати сезонава, па досега запиша седум триумфи и 17. порази.