Војдан Стојановски блесна во По Ортез па потпиша за нов клуб во Франција!

Војдан Стојановски, капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, блесна во екипата на По Ортез, па по два месеци си најде нов клуб и потпиша за Гравелин Данкерк.

„Спортандо“ објави дека македонскиот кошаркар потпишал договор до крајот на сезоната со екипата, која во моментов се наоѓа на 16. позиција во ЛНБ Про А лигата.