Стојановски: Добар прв чекор, на победа одиме и против Исланд!
Покрај искажаното задоволство, тој ги потенцираше и грешките кои ги направија нашите кошаркари.
„Добар прв чекор. Како што кажав и пред почетокот на првенството, одиме чекор по чекор. Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи. Воодушевен сум од поддршката од трибините и се надевам дека утре ќе имаме уште поголема публика. Секако, има работи што мора да ги поправиме. Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува. Против ваков противник, во одредени моменти требаше да играме помирно и пострпливо. Но, ова се млади момци, атмосферата ги понесе и тоа е разбирливо“, вели Стојановски.
Следен противник на Македонија е Исланд, а селекторот вели дека одиме на втора победа.
„Од овој момент целосно сме насочени кон следниот натпревар. Ќе го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа. Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во скокот. Ако успееме да го контролираме тој сегмент од играта, ќе можеме да трчаме, а тоа е стилот што го сакаме – брза кошарка со што повеќе отворени шутеви“.
Мечот меѓу Македонија и Исланд се игра утре (петок) со почеток од 18:30 часот.