
Симаниќ со потресна исповед: Имав две операции, пет дена не знаев за себе!
Симаниќ бил во критична состојба и можел да го загуби животот, но докторите успеале да го спасат, па сега кошаркарот за српско радио раскажа детали од рамата.
„На почетокот беше незгодно, но сега сум подобро. Можам да се движам и да јадам. Претходно имав две операции, пет дена не знаев за себе. Немав ниту телефон. Кога за првпат стигнав до мобилниот телефон, им испратив порака на колегите“, кажа Симаниќ.
Пред кошаркарот е долг процес на рехабилитација, а желба на Симаниќ е повторно да се врати на паркетот.