Шошкиќ продолжува да блеска во НЦАА

Поранешниот кошаркар на Работнички, Андреј Шошкиќ одигра уште еден извонреден натпревар во НЦАА и му помогна на својот тим да дојде до нова победа.

Неговиот Стони Брук на гостински терен го совлада Нортистерн со 95-80 што е трета победа по ред за оваа екипа, а Шошкиќ беше меѓу најзаслужните за неа. За 31 минута на теренот, постигна 22 поена што е негов втор најдобар ефект во НЦАА, по рекордот кој изнесува 27 поени. Ова е четврти пат нашиот плејмејкер да ја минува границата од 20 поени откако пред почетокот на оваа сезона замина во НЦАА.

Сега Стони Брук има биланс 4/4 против екипите од својата Конференција и е на седмото место, но со само една победа помалку од второпласираниот Чарлстон.