Селектор на Македонија „сакал“ да гледа кошаркари како се тушираат голи!? (ВИДЕО)

Поранешниот предводник на македонската кошаркарска репрезентација, Босанецот Драган Бајиќ, кој не се прослави баш многу на клупата на жолто-црвените, во минатото бил жртва на несолена шега и тоа од страна на својот помошник, Милан Дозет.

Оваа анегдота ја пренесе поранешниот српски кошаркар, Милијан Боцка, во популарен кошаркарски подкаст, со оглед што бил сведок на оваа урнебесна ситуација поради која сите во тимот паднале од смеење. На еден од собирите пред почеток на сезоната, Бајиќ бидејќи не знаел ниту еден збор на англиски јазик му наложува на Дозет да преведува што му кажува на новиот Американец, Брајан Метју Чејс, односно да му посака добредојде во новата средина. Но, неговиот асистент, кој би познат по разните мајтапи и шеги, на американскиот кошаркар му кажувал сосема спротивни работи од тие што г зборел Бајиќ.

Тој на Чејс му кажал дека тренерот му посакува добредојде и дека е презадоволен што ќе може да го гледа како гол ќе се тушира бидејќи знае за неговите големи облини. Американецот останал шокиран, а сите останати во тимот едвај се воздржале да не експлодираат од смеење што подоцна и се случило.

Деталите од анегдотата може да ги погледнете во приложеното видео.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @jaomile_podcast