Русија остана без главната ѕвезда за Мундобаскетот во Кина

Русите добија ужасни вести, откако денеска беше објавено дека главната ѕвезда на тимот Алексеј Швед ќе го пропушти Мундобаскетот.

На еден од последните тренинзи на руската репрезентација, Швед го повредил зглобот и поради тоа нема да може да настапи на Светското првенство во Кина.

Русија на турнирот во Кина ќе настапи во групата Б со селекциите на Аргентина, Кореја и Нигерија, а повредата на Швед ги намали шансите на неговата селекција да постигне подобар резултат на првенството.