Почнува „тепачка“ за Димитријевиќ - во игра влезе и шпански гигант!
Во медиумите во изминатите денови го преселија Димитријевиќ во Милано, но сега во игра за неговиот потпис се вклучи и шпански гигант.
Басконија е сериозно заинтересирана и влезе во борба со Олимпија Милано за потписот на македонскиот репрезентативец.
Димитријевиќ во регуларниот дел од сезоната во ВТБ-лигата имаше просек од 19 поени, 3,6 скокови и 6,6 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот постигнуваше по 17,6 поени и 7,5 асистенции.