Пешиќ го објави поширокиот список на кошаркари за ОИ во Париз (ФОТО)

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Пешиќ избра 16 кошаркари, а на голема радост на нашите соседи, списокот го предводи најдобриот играч на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.