„Малиот“ Симиќ одново блескаше – до врв го наполни кошот на противникот!

Дека е во моментов еден од најталентираните центри во Европа, македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, го потврди и на денешната средба на Барселона против Патра (66-88), на турнирот од јуниорската Евролига кој се игра во овој грчки град.

Македонецот на паркетот мина 33 минути и постигна 27 поени (1/5 за 3п, 10.19 за 2п, 4/4 за 1п), заедно со шест скока и две асистенции, со што постави нов ичен поентерски рекорд во ова натпреварување. Нашиот репрезентативец беше лидер на својот тим во дури пет статистички категории и тоа вкупениндекс, постигнати поени, вкупен број скокови, офанзивни скокови и процент на уфрлени слободни фрлања.

Барселона иако заврши како четврта, се уште има шанса да се пласира на завршниот турнир од јуниорската Евролига, со оглед што три екипи дополнително добиваа специјална покана за овој настан.