Македонија не влезе во елитата, ама има играч во идеалната петорка на ЕП!
Андреј Јакимовски, кој беше најдобар стрелец на првенството со просек од 18,4 поени по меч и трет најдобар скокач, го најде своето место во идеалната петорка на ЕП.
Најдобар кошаркар на ЕП беше Ноам Шимон Доврат од Израел, додека во идеалната петорка место на Јакимовски му прават уште Доврат, Матеус Казовски (Полска), Пеле Ларсон (Шведска) и Давид Бом (Чешка).