Крај на доминацијата: САД после 13 години загуби официјален меч (ФОТО)

После 13 години заврши доминацијата на САД во кошарката, откако попладнево Франција успеа да ги елиминира Американците во четвртфиналето на Светското првенство во Кина.

САД загуби со 79-89 и ова е прв официјален пораз на колепката на кошарката по 2006 година во меч во организација на ФИБА, без разлика дали станува збор за Олимписки игри, Светско првенство или Американскиот шампионат.

Последниот пораз на Американците е пред 13 години од Грција, исто така во четвртфинале на Мундобаскетот.