Кошаркар стана хит – ја „избриша“ Северна за да се гледа само Македонија (ВИДЕО)
Со овој потег, кошаркарот на Гостивар покажа што мисли за промената на името на државата, со што стана херој на сите истомисленици, кои не можат да ја прифатат додавката наметната со Преспанскиот договор. Македонија во минатото играше само со знаме на предната страна на дресот, со цел да се избегне ставањето на непосакуваните наметнати имиња, како претходниот акроним ФИРОМ, но во последните две години играме со дресови на кои е напишано Северна Македонија на англиски јазик.
Стојаноски е 19-годишен крилен центар, кој неодамна го обнови договорот со гостиварци, за кои ќе игра во следната сезона.