Кошаркар на Руанда има презиме кое нема да го прочитате дури и животот да ви зависи од тоа! (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Руанда не е меѓу селекциите кои се пласираа на претстојното Светско првенство (СП) во Кина, откако загуби девет од 12-те одиграни натпревари, на огромна радост на спортските коментатори ширум планетата.

Причина за ова е Жан Жак Ншобозвабиосенукукиза, плејмејкерот на оваа африканска репрезентација, кој преку ноќ стана популарен поради должината и тешкотијата за изговарање на неговото презиме, секако гледано низ призна на европските јазици.

Голема среќа за коментаторите, барем за средбите од квалификациите кои можеа да се следат и на каналот Спортклуб, е фактот што тој играше само по неколку минути.