Јокиќ ќе игра на ОИ во Париз, Србија го напаѓа златниот медал

Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ потврдил дека ќе учествува на Олимписките игри (ОИ) во Париз и ќе ѝ помогне на Србија во битката за златниот медал.

Српските медиуми пишуваат дека центарот на Денвер веќе го известил селекторот Светислав Пешиќ за својата одлука и наскоро се очекува официјална потврд.а

Учеството на Јокиќ на ОИ во Париз е голема вест за Србите кои ќе имаат поголеми шанси за повисок пласман на големото натпреварување.

Кошаркарскиот турнир во рамки на ОИ во Париз ќе почне на 27 јули.