Јакимовски блеска во Вашингтон – вторпат по ред е играч на мечот

Младиот македонски кошаркар Андреј Јакимовски втор меч по ред е играч на мечот за Вашингтон Стејт Универзитетот, откако со 15 поени и осум скока го предводеше својот тим до победа против Јута со 71-54.

Јакимовски за 30 минути на паркетот покрај ефектот од 15 поени и осум скока имаше и две украдени топки и една блокада, па заслужено беше МВП на мечот, втор во низа за него, после одличниот настап и во претходниот кога со 16 поени и седум скока блескаше на паркетот за „црвено-белите“.