Измена пред дуелот со Унгарија: Луканоски првпат во репрезентацијата

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година, против Унгарија на домашен терен.

Екипата од пред три дена е со само 13 кошаркари бидејќи Марко Миловановиќ ја напушти репрезентацијата поради болест, а Адем Мекиќ е повреден. Селекторот Марјан Илиевски одлучи во тимот да го вклучи 19-годишниот Марко Луканоски кој ќе има можност да дебитира во сениорската репрезентација.

Луканоски е еден од најперспективните македонски кошаркари, висок е 210 сантиметри, а лани беше избран во идеалната петорка на Европското јуниорско првенство Б-дивизија на која македонската У18 репрезентација го освои златниот медал.