Храбра игра - голема победа: Кадетите со стил обезбедија место во елитата (ФОТО)

Македонската кадетска репрезентација останува во борба за пласман меѓу 9-12 на Европското кошаркарско првенство во Удине, откако славеше против селекцијата на  БиХ со 76-64.

Со оваа втора победа на првенството, Македонија обезбеди место меѓу елитната конкуренција, со оглед на фактот дека само три селекции ќе испаднат во понизок ранг.

Македонските кошаркари во текот на целото прво полувреме играа променливо, па поради тоа на пауза заминаа со еден пеон негатива (33-34). Но, на стартот од второто полувреме ја превземаа резултатската контрола на натпреварот, кога впрочем и ја направија разликата за победа, и третиот период го завршија со осетна предност од 15 поени (63-48). Во последниот период се играше кош за кош за на крајот да дојдат до посакуваниот триумф кој ги остави во елитното друштво.

Најефикасен кај „црвено - жолтите“ беше Андреј Митрески со 25 поени (со шут 8/17), додека двоцифрени беа и Резарт Мемед со 15 и Филип Наков со десет поени.

Следен противник на Македонија во борбата за пласман од 9. до 12. место ќе биде селекцијата на Словенија, која триумфираше над Германија со резултат 72-65.