Го „истепа“ Дончиќ на паркетот, па соиграчите ги пречека во - боксерски ракавици (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Канада славеше со 100-89 и се пласира во полуфинале на Светското првенство (СП), а натпреварот го одбележа Лука Дончиќ кој доби две технички грешки, но и „ќотек“ од Дилон Брукс.

Брукс неколку пати го провоцираше Дончиќ, а по натпреварот тој беше снимен во тунелот со боксерски ракавици каде што ги пречека неговите сонародници.

На социјалните мрежи навивачите веднаш се пошегуваа и напишаа дека Брукс е подготвен за втора рунда со Дончиќ, и тоа овој пат надвор од паркетот.