Германија се „прошета“ низ Подгорица, Везенков ја остави Бугарија во игра за ЕП

Германските кошаркари доминираа во Подгорица и триумфираа со 95-76 во петтото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП), додека до триумф стигна и Бугарија со победата против Шведска со 81-77.

Црногорците не успеаја да фатат ритам во средбата против Германија, која на полувреме водеше со 50-38, додека второто полувреме го отвори со неверојатна трета четвртина (25-13) и дополнително ја зголеми предноста, по што до финишот домаќинот успеа само да го ублажи поразот.

Симоновиќ постигна 22 поени, седум скокови и една асистенција за Црна Гора, додека Тиеман запиша 16 поени, шест скокови и шест асистенции за Германија.

Бугарија по продолженија успеа да ја скрши Шведска и да остане во игра за пласман на ЕП, а извонреден настап имаше Везенков со 40 поени, 18 скокови и четири асистенции.

Бугарите се на последната позиција во групата Д со седум бодови, колку што има и Шведска, додека по осум поени имаат Црна Гора и Германија.

Останати резултати:

Унгарија – Исланд 87-78
Летонија – Шпанија 83-66
Турција – Италија 67-80