Гечевски и Мекејлеб избрани во идеалните тимови на Задар и Партизан (ФОТО)

Тодор Гечевски и Лестер Бо Мекејлеб, кои беа дел од фантастичната генерација на Македонија, која во 2011 година го освои четвртото место на Европското првенство, беа избрани во идеалните тимови на Задар и Партизан од страна на навивачите.

Мекејлеб настапуваше за Партизан во 2009 и 2010 година и беше избран покрај Богдан Богдановиќ, Дејвис Бертанс, Јан Весели и Никола Пековиќ.

Гечевски настапуваше за Задар пет години, односно од 2004 до 2009 година, па тој беше избран од страна на навивачите во идеалниот тим, како и Марко Поповиќ, Карл Инглиш, Јулиус Џонсон и Марко Баниќ.