Фурние: Сребрениот медал од ЕП за мене е навреда!
Французите беа ментално здробени откако „Фуријата“ ги однесе со 88-76, па кога ги добија сребрените медали на подиумот веднаш ги извадија од вратот. Еден од најдобрите „триколори“, Еван Фурние, беше прашан дали не смета дека тоа е покажување непочит кон останатите, кон ФИБА и кон самото првенство, а тој објасни дека не е.
„Кога толку напорно работиш за злато и на крај освојуваш сребро или бронза... За мене тоа е како навреда. Кога го добив медалот и ми го ставија околу вратот, веднаш тоа ме потсети на неуспех. Тешко е и сакав да го тргнам од мене. Тоа не е знак на непочитување. Многумина не разбираат, но видовте дека на подиумот бевме згрозени. Како некој да не наградува што сме изгубиле и како да ни вели: 'Секоја чест, изгубивте'“, се изјасни Французинот.