Фурние со 21 поен ѝ донесе втор триумф на Франција на кошаркарскиот турнир

После големата победа против американскиот дрим-тим на стартот на олимпискиот кошаркарски турнир, Франција стигна и до втората победа и тоа лесно и убедливо против Чешка со 97-77.

Еван Фурние, за кого и Американците немаа решение, повторно беше предводник на Францизите, па со 21 поен беше предводник во триумфот во кој Чешка им даде отпор само во првата четвртина кога и водеше со шест разлика (28-22).

Французите брзо се консолидираа и почнаа да играат како што знаат, за до полувреме веќе да го свртат мечот во своја корист со плус 11 на паузата (51-40), а сѐ потоа беше само рутински одработен меч со убедлив триумф на крајот.

Јан Весели со 19 поени беше најефикасен кај Чешка.

Во последното коло, Франција ја чека пресметка со Иран, кого утринава САД го распарчи, додека Чешка ќе се соочи со дримтимот.