Екс македонски репрезентативец казнет дека миел автомобил во гаража (ФОТО)

Кошаркарот со настапи за најмногу различни репрезентации, Ратко Варда, кој има играно дури и за Македонија, денеска имаше непријатно искуство со полицијата, која сакаше да му напише казна за прекршување на полицискиот час за миење на автомобилот во својата гаража.

Поранешниот играч на Кожув, кој забележа неколку настапи за македонската селекција на турнејата која нашата репрезентација ја имаше во Кина пред четири години, прво играше за СР Југославија, потоа за Србија и Црна Гора, а на крајот и за БиХ.

„Кога после два дена седење во домот си ја отвориш гаражата за да го измиеш автомобилот, ти се појавуваат момци во сино подготвени да ми пишат казна во мојата гаража пред мојата куќа. Ми бараат лична карта со образложение дека не смеам ниту да го мијам автомобилот и дека мора веднаш да ја затворам гаражата бидејќи е 'полициски час'. Срамно е до каде оди ова малтретирање и до каде е неговата граница“, напиша меѓу другото Варда.