Димитријевиќ одличен: Валенсија ја сруши Барселона (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од најдобрите во составот на Валенсија во победата од 86-76 против Барселона во рамки на 18.коло во шпанската кошаркарска лига. 

Нашиот интернационалец постигна 16 поени со четири скока и седум асистенции, додека најефикасен во победничкиот тим беше Мајк Тоби со 17 поени. Кај Барселона најмногу се истакна Никола Миротиќ со 14 поени.

Валенсија е четврта на табелата со 26 бодови, додека Барселона е втора со 30 бодови.