Димитријевиќ најдобар во составот на Милано во нов триумф во италијанското првенство

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец во победата на Милано над Бреша од 88-85.

Македонскиот кошаркар на теренот беше 26 минути, постигна 16 поени, имаше шест асистенции и три скока. 15 поени имаше и Шилдс, но тој со две асистенции и два скока.

По три одиграни кола во новата сезона од италијанската лига, Милано има две победи и еден пораз.