Црна Гора со одлично второ полувреме ја прегази Македонија

Црна Гора славеше со убедливи 81-59 против кошаркарската репрезентација на Македонија во првата пријателска средба во Спортскиот центар „Јане Сандански“, откако нашиот ривал одигра одлично во второто полувреме.

Македонските репрезентативци имаа водство по пет минути игра од 12-6, но потоа Црна Гора го сврте резултатот во своја корист и ја доби првата четвртина со 21-15.

Црна Гора набрзо зголеми на на девет поени разлика (30-21), но избраниците на Драган Бајиќ на паузата пред второто полувреме заминаа само со два поени негатива (34-36).

Македонија во вториот дел почна да го губи ритамот од првиот дел, а тоа го искористија Црногорците кои доминираа во вторите 20 минути од дуелот и набрзо зголемија на 57-43, по што со одлична игра до крајот избегаа и на максимални 81-59.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Мекиќ со 12 постигнати поени, додека кај Црна Гора најдобар беше Поповиќ со 17 поени.

Македонија и Црна Гора ќе одиграат уште еден пријателски меч во „Јане Сандански“ на 4 август од 19 часот.ж

ФОТО: КФМ