Богдановиќ откри зошто му се налутил на Ѓорѓевиќ по поразот од Аргентина!

Во интервју за „Спортски журнал“, Богдан Богдановиќ ги откри своите впечатоци по веќе завршениот Мундобаскет во Кина.

Богдановиќ беше меѓу најдобрите во составот на Србија, која заврши на петтото место на првенството, но сепак жали за некои работи, пред се за поразот од Аргентина во четвртфиналето со 97-87.

Бевме фокусирани, сите ја знаевме цената на тој натпревар. Затоа дојдовме во Кина. Не знам како беше за другите, но се чувствував феноменално. Сè беше супер, истакна кошаркарот на Сакраменто.

Тој особено жали за тоа што на крајот од мечот со Аргентина не доби голема минутажа од страна на селекторот Александар Ѓорѓевиќ.

Малку е погрешно што не играв повеќе на крајот. Особено во тој натпревар. Чувствував нешто. Како кошаркар е правилно понекогаш да изреагираш при таква одлука. Ако грешев претходно, мислев дека можам да се исправам во продолжение. Си помислив: „Зошто излегувам сега, сега ги имам во раце“, изјави Србинот.