Аргентинците урнебесно го прославија триумфот против Србија (ВИДЕО)

Аргентинските кошаркари денеска славеа против Србија со 97-87 во четвртфиналето на Светското првенство во Кина, а тоа изненади многумина со оглед на тоа дека Србите беа едни од фаворитите за медал.

Аргентинците по триумфот против Србија славеа како „луди“ во соблекувалната и покажаа колку им значи пласманот во полуфинале.