Звездаши имаа специјален подарок за Репеша, ама тој не им дојде на прес-конференцијата (ФОТО)

Додека од Подгорица и од таборот на Будуќност гневно реагираат на неспортските случувања во Белград, обидот за линч на црногорските кошаркари, во Белград се слави новата титула на Ц. Звезда, а некои веќе и тргнаа да тераат мајтап со хрватскиот тренер на подгоричани Јасмин Репеша.

Хрватот се жалеше на случувањата и гнасотиите од белграѓани за време на првиот меч од финалната серија, кога целиот бил исплукан од трибините. Па, навивачи од Белград купиле сако и решиле по мечот да му го подарат на Репеша. Тоа било одговор на неговите изјави дека сакото кое го носел, му било цело оштетено од плуканици.

Арно ама, Хрватот ги зафркна. Србите го чекаа со подарокот на прес-конференцијата по мечот, ама тој не се ни појави на истата, после убедливиот пораз со 54-97.