Вакво нешто никогаш не се случило: Цедевите и Олимпија станаа едно!

Хрватска Цедевита и словенечкиот кошаркарски гигант Петрол Олимпија веќе не се два различни клуба. Имено, еден од најбогатите Хрвати и прв човек на Цедевита, Емил Тедески го пресели клубот во Љубљана. Освен тоа, Цедевита и Олимпија се споија, а од фузијата на двата клуба настана нов клуб – Цедевита Олимпија.

Според словенечките новинари Цедевита Олимпија следната сезона нема да игра во првиот дел од словенечкото првенство, а ќе се натпреваруваат во АБА лигата и во Еврокупот. Беше одржана и пресконференција каде претставниците на двата клуба се обратија на медиумите.

„Ова го правиме затоа што ја сакаме кошарката. За прв пат во Европа два професионални клубови преку границите се спојуваат. Тоа никој во Европа се уште не го направил во ниту еден спорт. Горд сум и возбуден. Ова е рамноправно спојување на два кошаркарски клубови и го правиме поради публиката. Во љубљана ќе имаме одлични услови за работа“, кажа Тедески.