Дебакл на „коцкестите“: Данска ѝ го нанесе на Хрватска најтешкиот пораз во историјата

На нешто повеќе од два месеца пред почетокот на Олимписките игри, репрезентацијата на Хрватска доживеа тежок пораз во генералната проба за големата спортска манифестација.

На пријателскиот турнир во Осло, некогашниот олимписки шампион загуби од Данска со 22-37 со што го израмни највисокиот пораз во својата историја. Со 15 разлика, Хрватите губеа на Европското првенство во 1998 од Русија (14-29) и во пријателски меч со Словенија во 2016 (17-32).

Точно е дека селекторот Дагур Сигурдсон направи многу измени во пресрет на турнирот и не поведе со себе некои од најдобрите ракометари, со цел да испроба некои нови варијатни и млади играчи, но очигледно дека селекторот на вроди со плод. Во првото полувреме од дуелот со Данска, Хрватска постигна само шест гола (6-16), а во второто само беше комплетиран дебаклот.

Данска на овој турнир одигра нерешено со Норвешка (36-36) и ја победи Хрватска, додека „коцкестите“ загубија од Данска и Норвешка, а ја победија Аргентина.