Толку беше од АБА: Црвена звезда дефинитивно ја растури Јадранската лига!

Натпреварувањето на најдобрите кошаркарски екипи на просторот од Триглав до Гевгелија е на добар пат да замине во историјата, откако кулминација на сите проблеми е вечерашното соопштение на Црвена звезда дека нема дамера да го игра големото финале против Партизан.

Причина за ваквата, според многумина, стравично погубна одлука за сите е календарот на одигрување на финалните средби, кој се коси со тој од српската КЛС лига.

„Ц. Звезда ја информира јавноста дека по срамното соопштение на АБА околу термините на одигрувањето на мечевите за титула со Партизан реши воопшто да не ја игра оваа пресметката, чиј почеток е закажан за 12 јуни. Клубот останува на ставот дека нема намера да почне со играње на АБА додека не завршат обврските во КЛС“, се вели меѓу другото во соопштението на црвено-белите.

Ова доаѓа како воинствен одговор на пролонгирањето на сезоната во регионалното натпреварување поради настапот на Партизан во завршницата од Евролигата, но и за одлуката на црно-белите да не настапат во српското првенство. Ц. Звезда не сака да биде доведена во ситуација да игра на два фронта, додека противникот на еден, па се реши за еден ваков драстичен чекор. Ако не биде најден заеднички јазик, војната меѓу вечните српски ривали би можела да значи дефинитивен крах на АБА, која одамна е на стаклени нозе, а која веќе извесен период нема директна излезност кон европските натпреварувања.