Тежок удар за Србија: Најдобриот кошаркар од квалификациите ќе го пропушти Евробаскетот

Српската репрезентација доби катастрофални вести на помалку од еден месец од почетокот на Евробаскетот затоа што најдобриот кошаркар од квалификациите за Мундијалот, Алекса Аврамовиќ се повреди.

Бекот на Партизан ќе паузира две недели затоа што ја повредил раката, па така селекторот Пешиќ ќе остане без важен играч, и тоа откако беше објавено дека Милош Теодосиќ не е повикан за шампионатот.

По отпишувањето на Теодосиќ и повредата на Аврамовиќ, Србија би можела да биде во голем проблем за плејмејкерската позиција, па како прва опција во моментов останува Василија Мициќ.