Теодосиќ се договорил со Ц. Звезда, но трансферот му пропаднал поради навивачи

Милош Теодосиќ нема да игра за српската репрезентација на Евробаскетот, а останал и без преселба во Црвена Звезда, иако се договорил со првиот човек на тимот, Небојша Човиќ.

Првиот човек на српскиот тим гостуваше во утринската емисија на „Пинк“ и кажа дека трансферот бил договорен, но не можел да се реализира поради навивачите на Виртус Болоња.

„Јас се договорив со Тео да дојде во Црвена Звезда, но не можевме да го реализираме трансферот. Зборував со претседателот на Виртус, кој кажа дека би го пуштил веднаш, но не може да го направи тоа поради навивачите на клубот, кои биле заљубени во кошаркарот“, вели Човиќ.