
Теодосиќ мина ептен среќно по инцидентот со - налепницата на теренот (ВИДЕО)
Тоа се случи во последната минута од средбата, кога му лизна левата нога по што остана да лежи со болна гримаса држејќи се за коленото. Денешните детални прегледи покажале дека нема кинење на предните лигаменти, од што сите се плашеа, туку само посериозно истегнување, кое носи пауза од дваесетина дена.
Ова е фантастична вест за Србинот, со оглед што многумина веќе му прогнозираа и крај на кариерата, со оглед на тоа како изгледаше падот и каква беше гримасата на неговото лице кога беше изнесуван од теренот.