Стив Кер пред натпреварот на САД и Србија не го заборави Дејан Милојевиќ (ФОТО)

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер не го заборави починатниот Дејан Милојевиќ и му оддаде почит во денешниот натпревар помеѓу Србија и САД кој се игра во Абу Даби.

Во натпревар Кер се појави со маица на која пишуваше „Брате“ со иницијалите на Милојевиќ во срце.

Српскиот стратег почина на 17. јануари 2024 година пред натпреварот помеѓу Голден Стејт и Јута. Милојевиќ беше дел од стручниот штаб на Вориорси.