
Српски кошаркар тргна да тепа судија, па на публиката ѝ покажа - два средни прста (ФОТО)
Пред самиот крај, без поголем повод, дојде до голем инцидент во кој поранешниот партизановец, а сега центар на гостите, Ѓорѓе Гагиќ, тргна да го тепа главниот судија, за што доби две технички грешки, а со тоа и исклучување. Потоа, тој влезе во вербален дуел со дел од публиката, поради што дел од трибините мораа предвреме да бидат испразнети.
Гагиќ своето скандалозно шоу го заврши со покажување на два средни прсти кон навивачите на Задар и судиите додека излегуваше од салата.