
Србија ќе го има најсилното оружје за Евробаскетот - оди на злато!
Српската јавност е во исчекување дали најдобриот кошаркар во светот ќе игра за нивната селекција на Евробаскетот, вестите се позитивни.
„Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ ќе играат за своите национални тимови на престојното Европско првенство“, напиша новинарот Иван Сидери на социјалните мрежи.
Наскоро се очекува потврда за настапот на Јокиќ и од самиот кошаркар или од репрезентацијата.
Европското првенство ќе се игра од 27. август до 14. септември, а Србија ќе биде еден од главните фаворити за златото.
Фото: EPA Photo