Словенците му се налутија на Дончиќ зашто победите ги славел со – српски песни (ВИДЕО)

Додека Лука Дончиќ игра како да не е од оваа планета и руши рекорди за кои ретко кој мислел дека можат да бидат урнати, „загрижени“ словенечки патриоти успеаја да му најдат забелешка во начинот на кој се радувал по победите.

Словенечките кошаркари по триумфот над Франција (88-82), во кој ѕвездата на Далас постигна 47 поени, лудуваа во автобусот на пат кон хотелот во Келн, а од делот на автобусот каде беше нивниот најдобар кошаркар ечеше хитот на Митар Мириќ - „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“. Токму фактот што се славело со песни на српски пеач е причина за реакции на социјалните мрежи.

„Штета што не знаат словенечки песни за да запеат како треба по вакви големи победи“, се вели во еден од ироничните коментари.

Доброто е што националистичките коментари на сметка на Дончиќ се во малцинство во однос на тие што го величат неговиот настап, потенцирајќи дека не е важно што пее се додека дава се од себе во дресот на Словенија.