Шоу на Дончиќ: Си поигруваше со Италијанците како мали деца (ВИДЕО)

Лука Дончиќ синоќа ја растури Италија на пријателски натпревар одигран во Трст. Словенецот ја предводеше својата селекција до триумф од 90-71

Словенецот ја предводеше својата селекција до триумф од 90-71 со 12 поени, седум скокови и пет асистенции. Ѕвездата на Далас ќе игра за својата репрезентација во квалификациите за Светското првенство.

Во четврток „змајчеки“ ја пречекуваат Хрватска во Љубљана во еден од клучните натпревари. Во оваа група водечка е Финска со скор од 3-1, Словенија и Шведска имаат 2-2, додека Хрватска е последна со 1-3.