Репеша го напушти Будуќност по дебаклот против Ц. Звезда

Хрватскиот тренер Јасмин Репеша, еден ден по дебаклот од Црвена Звезда за титулата во АБА-лигата, си поднесе оставка и го напушти тимот на Будуќност.

Будуќност беше прегазен во Белград со 54-97 во мајсторката против Црвена Звезда, по што Репеша не сакаше да ги исполни обврските и да се појави на прес-конференција за медиумите, а денеска имаше состанок со управата на клубот.

Репеша по четири месеци поминати на кормилото на Будуќност и освојувањето на Купот на Црна Гора го напушти клубот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Да потсетиме, Репеша во кариерата ги тренираше Олимпија, Цедевита, Уникаха, Цибона...