Работнички ѝ пресуди на Слобода, ама ќе се бори за опстанок во АБА2-лигата

Кошаркарите на Работнички денеска триумфираа против Слобода Ужице со 87-77 во последниот натпревар од регуларниот дел на АБА2-лигата, па сега им следи борба во плејаутот.

Слобода имаше водство од пет разлика (11-6) на стартот на мечот, но Рабонички веднаш ги презема работите во свои раце и со неверојатна серија стигна до 27-16. Кошаркарите на српскиот тим за момент повторно ја намалија негативата до само пет поени, но македонската екипа без проблеми повторно им избега на +13 (45-32).

Работнички го газеше нивниот ривал и во второто полувреме, а тоа најдобро се забележа во завршницата на третата четвртина, кога предноста порасна на +22 (67-45), но сепак Слобода се избори за понизок пораз од 10 поени (77-87).

Младеновски беше одличен со 20 поени и 17 скокови во победничкиот тим, додека Торнтон постигна 18 поени.