Прекин на дербито, кошаркарите на Звезда го напуштија теренот!
Кошаркарите на Партизан беа во налет, поведоа со 12 поени разлика, беше 57-45. Во таа еуфорија, навивачите од трибините почнаа да ги навредуваат противничките играчи и функционери по што дојде до прекин.
Играчите на Партизан се обидоа да ја смират тензијата за мечот да продолжи, но наместо да се случи тоа, од трибините почнаа да летаат предмети кон клупата на Црвена звезда, по што кошаркарите на црвено-белите решија да се повлечат во соблекувалната.