Предавство на деценијата: Хезоња го извиси Реал Мадрид за да потпише за – Барса!

Сагата околу иднината на хрватскиот репрезентативец, Марио Хезоња, најверојатно е завршена, откако шпанска „Марка“ објави дека тој веќе потпишал договор со Барселона, најголемиот ривал на неговиот досегашен тим, Реал Мадрид.

Весникот дознава дека Хрватот се обврзал на четиригодишна соработка со Каталонците, според која ќе заработува по три милиони евра годишно. Тоа е драстично повеќе од сумата што ја заработуваше во Мадрид и од понудата што деновиве ја доби од „кралевите“ и со таа плата ќе се вброи меѓу кошаркарите со највисоки договори во Евролигата.

Се шпекулираше дека Хезоња би можел да остане во Реал или да замине во Панатинаикос, но очигледно не успеал да се договори со Мадрид и се враќа во клубот каде веќе настапуваше од 2012 до 2015 година. Се споменуваше и Партизан, а потоа одеднаш, речиси од никаде, во приказната се вклучи и Барселона. Каталонската понуда беше финансиски најдарежлива, па се чини дека Хрватот почувствувал дека не е доволно ценет во Реал, што автоматски го турна во правец на поранешниот клуб.

Мадридскиот тим се уште може да го задржи Хезоња поради клаузула во неговиот договор, која на „кралевите“ им дава право да го стори тоа доколку ја изедначи понудата на Барселона.