Поранешен репрезентативец на Хрватска е во кома и се бори за животот!

Поранешниот хрватски кошаркар Драго Пашалиќ од понеделникот се наоѓа во индуцирана кома, откако добил срцев удар. Тој моментално се наоѓа во болница во Холандија, каде годинава и ја заврши играчката кариера. 

Пашалиќ има само 36 години, а докторите се борат да го спасат неговиот живот. Во текот на својата играчка кариера, крилниот центар го носеше дресот на Цибона, Сплит, Задар, Широки, како и ПАОК, Билбао и Обрадорио. 

Кариерата ја заврши во Холандија минатата сезона и остана да живее во оваа земја со својата сопруга, која е Холанѓанка. Моментално работи како скаут за Лос Анџелес клиперс во Европа.