
Под казна тренираа утринава: Тројца српски репрезентативци го изнервирале Обрадовиќ!
Оваа победа им преседна на тројца кошаркари, поради чиј индолентен однос легендарниот стратег закажал тренинг рабо утринава и тоа веднаш од авион по враќањето од Подгорица.
„И Будуќност одигра многу добро. Рецептот е Пантер, Ледеј и Нанели да бидат на нивното ниво, како и играчите од клупата, кои во последниот натпревар постигнаа само три поени. Играчите треба да сфатат дека кошарката не е само постигнување кош. Веќе закажав тренинг за некои утре сабајле, директно од аеродром. Да видиме што ќе биде со нив – изјави Обрадовиќ по вчерашниот натпревар.
Српските медиуми открија кои кошаркари на Партизан морале да се појават на тренинг. Според „Максбет спорт“, станува збор за тројца репрезентативци на Србија и тоа Ален Смаилагиќ, Алекса Аврамовиќ и Урош Трифуновиќ.