Почина најверната навивачка на Партизан - мајка на екс-селектор на Македонија!

Ден пред решавачкиот меч во Мардид за пласман на фајнлфорот во Евролигата првпат по 2010 година, Партизан остана без својата најверна навивачка, Милка Џикиќ, мајката на поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ.

Милка Џикиќ денеска почина после долга борба со тешка болест, а таа 30 години не пропшушташе мечеви на своите омилени црно-бели во Белград. Партизан го следи од 1989 година, уште пред Александар да биде роден, а тој потоа беше и тренер на црно-белите, а беше и македонски селектор.

„Преку 30 години постојано го гледам Партизан, од срце навивам и не пропуштам меч, дали било снег, дожд, било замрзнато... Тие што не доаѓаат постојано на мечеви јас ги викам предавници. Не се ни сеќавам кој беше тренер кога првпат дојдов на меч на Партизан, а тоа беше пред Александар да се роди, мислам некаде 1989 година“, велеше Милка.

Од најверната навивачка на белграѓани се простуваат навивачите на Партизан, кој никогаш нема да ја заборават токму поради големата љубов кон црно-белите.

„Прекрасна жено, вие сте пример за навивач каков секој партизановец треба да биде. Вие сте Партизан. Драга Милка, засекогаш ќе те сакаат и бескрајно ќе те почитуваат твоите Гробари“, објавија партизанови навивачи после верста за смртта.